Вардар со две имиња во „Ол-Стар“ тимот за новата сезона

Наскоро стартува ЛШ сезоната во ракомет, каде Вардар ќе ја брани титулата, а на почетокот од новата сезона, а тренерите веќе гласаа и го изгласаа најдобриот тим составен од ракометните ѕвезди.

Вардар како европски шампион, може да се пофали дека во избраниот Ол Стар тим има две свои ѕвезди, џинот Кристопанс и крилниот играч, Тимур Дибиров.

НАЈДОБРИТЕ 7 според изборот на тренерите:

Никлас Ландин (Кил) Микел Хансен (ПСЖ), Фабрегас (Барселона), Циндриќ (Барселона), Јанц (Кјелце), Дибиров и Кристопанс (ВАРДАР).