Вардар се прости со седум ракометари и тренерот Алушовски

Денешниот натпревар против Металопластика означи крај на една ера во Вардар кој од идната сезона ќе се обиде да се врати на старите патеки, кога станува збор за Лигата на шампионите.

На мечот со поранешниот европски првак, Вардар се прости од седуммина ракометари и тренерот Стефче Алушовски. Од клубот си заминаа Робен Кантегрел, Кристијан Дисингер, Иван Чупиќ, Васко Шеваљевиќ, Марко Кизиќ и Ловро Јотиќ.

Нивните места ќе ги пополнат нови ракометари од кои дел се веќе претставени. На местото на Алушовски доаѓа Веселин Вујовиќ.