Вардар се подготвува за Ф4, Пелистер искористи и победи во Скопје

Екипата на Пелистер остана во игра за четвртото место на табелата во Суперлигата откако го победи шампионот Вардар во Скопје со 30:26.

На прв поглед овој резултат делува сензационално бидејќи огромна е разликата во квалитет меѓу двете екипи, но само до информацијата дека Вардар настапи со кадетскиот тим бидејќи големите ѕвезди во тимот се подготвуваат за завршниот турнир од Лигата на шампионите идниот викенд.

Пелистер ја обезбеди таквата ситуација, поведе во десеттата минута и предноста ја сочува до крајот на мечот. Поповиќ со осум гола беше најефикасен на натпреварот, а Ивановски постигна пет. Кај Вардар, Мишевски со седум гола беше прв стрелец во екипата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селекторот Брестовац направи три измени за дуелот против Грција

(ВИДЕО) Сестрите се ХИТ: Промовирана во целост песната посветена за Вардар

(ФОТО) Момир Илиќ во Вардар !?

Писонеро: Во Вардар доаѓам со јасна цел!

Вардар и во новата сезона ќе биде дел од ЛШ – место бараат уште две наши екипи

Столе успешно опериран – Брестовац ќе го нема на располагање против Грција

Објавено како до карти за Македонија – Грција: Мора да бидете брзи

Се случува и тоа во спортот – Грција вечерва и направи огромна услуга на Македонија

(ФОТО) По Борозан, денес уште двајца екс вардарци позираа за новите клубови