Вардар се мачи против Веспрем по првиот дел во Скопје

Европскиот шампион Вардар се мачи по 30 минути во „Јане Сандански“ на мечот против незгодниот Веспрем.

Како што рекоа и пред натпреварот Стоилов и Кокшаров, Веспрем по подолг период доаѓа овде како фаворит и тоа во првиот дел го видовме.

На полувреме Вардар има негатива од 15:22, разлика која сигурно е голема, но не и недостижна, бидејки Вардар знаел да одигра пеколни втори полувремиња против големи ракометни сили во Скопје.