Вардар се комплетира деновиве – на први февруари веќе имаат меч од СЕХА лигата

Веќе за неколку дена, ракометарите на Вардар ќе го имаат првиот предизвик по долг период, ќе играат во СЕХА лигата против тимот на Нексе.

Вардар веќе ја информираше јавноста дека овој натпревар ќе се одигра на први февруари, а мечот е можен, откако Хрватска е елиминирана од Светското првенство во Египет.

Договорот доаѓа откако и репрезентацијата на Хрватска ги заврши натпреварите од СП, па играчите се вратени во своите клубови. Исто така и Вардар очекува репрезентативците што настапуваа на СП да се приклучат на подготовките“, истакнаа од Вардар.

Во таборот на Вардар деновиве се враќаат сите шестмина кои заминаа на СП, четворицата од Вардар, Стоилов, Талески, Мишевски и Димитриоски, додека за Хрватска настапуваше Иван Чупиќ и Валчак во полската репрезентација.

Средбата треба да се игра во Сц „Јане Сандански” со почеток во 20,15 часот.