Вардар се измачи, но на крајот славеше против Татран Прешов

Екипата на Вардар успеа да дојде до победа во рамките на СЕХА лигата против Татран Прешов со 28:26.

Вардарци со победа ставаат крај на годината и го потврдија првото место на табелата во регионалното натпреварување.

Сепак, не беше се така идеално за избраниците на Кокшаров кои имаа негатива која на крајот успеаја да ја престигнат. Татран со серија од седум гола поведе со 12:17, но Вардар за еден гол успеа да ја намали негативата за еден гол пред да заминат на полувреме.

Во вториот дел Татран влезе во мала криза, а Вардар го искористи тоа и дојде до 17:18. Неколку минути подоцна Вардар дојде до израмнување, а потоа и до предност која ја одржуваше до самиот крај, а голем удел во победата имаше и Гедбан кој со неколку одбрани во клучни моменти ја зачува предноста на Вардар за конечна победа од 28:26.

Шишкарев, Чупиќ и Атман беа најрфикасни со по пет погодоци. Со оваа победа Вардар се зацврсти на врвот со осум победи и еден пораз.