Екипата на Вардар го одбрани куп трофејот откако во финалето играно во Охрид по голема драма во финишот го совлада Е. Пелистер.
Конечниот резултат гласеше 26-25 во корист на „црвено-црните“ кои останаа поприсебни во финишот.
Вардарци во најголем дел од мечот иако беа без Дејан Манасков беа подобар тим, па на полувреме имаа 15-10.
Во вториот дел битолчани фатија ритам, но немаа сила да направат комплетен пресврт.