Вардар поразен кај ПИК Сегед – Дибиров влезе во европскиот ракометен крем

Вардар е поразен на вечерашното гостување кај ПИК Сегед со резултат 34:31.

Во поголем дел од натпреварот, резултатот беше прилично изедначен и за „црвено-црните“ малку недостасуваше да дојдат до поволен резултат, но сепак домаќините ја имаа потребната нијанса која им беше потребна за да дојдат до победа во 7. коло од ЛШ.

Голманот на Вардар на оваа средба забележа 13 одбрани, додека најдобар стрелец беше Тимур Дибиров со 7 голови, со кои ја проби бариерата од 1000 погодоци во ЛШ и влезе во историјата со големи ракометни имиња, како Лазаров и Карабатиќ.