Вардар отпатува за Словенија: Помеѓу патниците уште три нови лица

Македонскиот ракомете шампион  Вардар отпатуваа за Крањска Гора на подготовки каде ќе остане до 9. авугст од каде потоа се заминува за Германија на првиот турнир на кој ќе настапи пред почетокот на сезоната

Откако ги завршија лекарските прегледи во Скопје и тренираа неколку денови сега првиот тим на Вардар заминува на планина, на Крањска Гора, Словенија каде ќе ги одржи физичките подготовки.

Со екипата отпатуваа и три млади ракометари, Андреј Петковски, Марко Мишевски и Даниел Ставровски. Во Скопје единствено остана Даниел Ѓорѓески кој ќе работи по специјална програма како дел од рехабилитацијата по операцијата на лигаментите на коленото.

Во Словенија ќе се работи на подобрување на физичката подготвеност. На 9 август се заминува за Германија каде е планирано во перидот од 10 до 12 август да се настапи на турнир.

Според програмата на првиот ден (10 август) во 20,15 часот Вардар ќе игра со Хамбург.

Следниот ден (11 август) во зависност од исходот од првиот натпревар ќе се одигра  уште две средби со ривали од другите натпревари. На овој турнир ќе играат и екипите на: Лајпциг, Монпелје, Фуксе Берлин и Кристијанштад.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови проблеми за Вардар – Парондо итно бара две нови засилување

Стартува 46.то издание на ракометниот турнир во Струга

Еурофарм Работник го потврди новиот договор на талентираниот Каковски

Познат десеттиот учесник за новата сезона: СЕХА лигата се проширува во Романија

Македонија ја победи Швајцарија за лидерска позиција и полуфинале на ЕХФ шампионатот

Македонија со драматичен триумф – Костески со гол за победа во последните секунди

Лајпциг е третата германска екипа противник на Вардар на турнирот во Германија

Вардар со Парондо го демолира Фуксе Берлин

Кадетите го најдоа рецептот за Луксембург кој го победија во финишот