Вардар немаше сили: Струмица ја одбрани титулата во одбојкарскиот шампионат

300

Екипата на Струмица е старо-новиот шампион на Македонија во одбојка откако во финалната серија, во четвртиот меч попладнево во Скопје славеше над Вардар со 3-2 во сетови.

Струмичани на тој начин дојдоа до третата победа и славеа во финалната серија со конечен резултат од 3-1.

Вардар иако на првиот натпревари игран во Струмица славеше и поведе со 0-1, а на вториот меч во Скопје водеше со 2-0 во сетови, но изгуби со 2-3, немаше сили да го детронизира актуелниот и веќе нов шампион, Струмица.

За дел од одбојкарите, оние кои се репрезентативци како кај Струмица така и кај Вардар нема многу одмор бидејќи националнит тим на Македонија веќе започна со подготовки за настап во Европската лига.