Вардар не треба да биде отпишан: Го срушија Фленсбург во Скопје!

По поразот против Мешков Брест, Вардар вечерва ја оствари првата победа против Фленсбург, кој во Скопје допатува како фаворит.

Но дури и кога салата е празна и нема фанови, Вардар може секаде и секого да изненади.

Вечерва ракометарите на Вардар одиграа добар натпревар и тоа го најавија уште во првиот дел, кога по 30 минути игра имаа предност со 17:15, а добрата игра ја продолжија и во вториот дел.

Капитенот Столе Стоилов беше фантастичен на оваа средба, постигна 8 погодоци од 10 обиди, го постигна најатрактивниот погодок на натпреварот, па на крајот тоа беше и убедлива победа за ребрендираниот Вардар со 31:26, Јотиќ и Дисингер постигнаа по 5 погодоци.