Вардар на лето ќе купува од Металург !?

Во изминатите денови доста актуелна тема е ракометниот клуб Вардар. Ќе си оди, па не си оди Самсоненко, ќе остане ама како ќе остане или сепак целосно ќе е повлече.  Од сите страни стигнуваат различни вести, но сите водат кон едно, а тоа е дека „црвено-црните“ ќе опстанат.

Главните конци во сета операција за спас на Вардар ги влече почесниот претседател Михајло Михајловски. За воља на вистината голем дел од носителите на играта кај Вардар веќе си најдоа и потпишаа за нови клубови.

Па така за следната сезона ќе мора да бидат ангажирани поголем дел ракометари. Секако иститие ќе бидат далеку поефтини, а информациите велат дека тоа ќе бидат и домашни, македонски ракометари.

Вардарци веќе фрлиле око на неколку актуелни членови на Металург и нема да биде изненадување доколку на лето од Автокоманда се преселат некои ракометари.

Впрочем во таа насока оди и првото обраќање на Михајловски кој спомена дека планира да ангажира 5-6 домашни ракометари, репрезентативци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Блеснаа новите дресови на Вардар пред патувањето во Келн

Дибиров го објаснува моментот на вистината кога им соопштил Самсоненко ДЕКА Е КРАЈ!

Квалификацискиот меч против Грција и официјално нема да се игра во Скопје

Доминација: Вардар е старо-нов шампион на Македонија

БОМБА: Еден од најбогатите Македонци ќе биде нов газда на Вардар.

Пред Вардар е прекрасна шанса: Утре може да биде голем ден за „црвено-црните“

Тешко ќе биде против Барселона – но на помош им доаѓа големо засилување на „црвено-црните“

(ВИДЕО) Кога е најтешко, ова е најмалку што може да се направи: Вардаре, не те оставаме!

Парондо сликовито ја објасни (не)идеалната ситуација во клубот оваа сезона