Вардар ќе добие финансиска помош од Општина Аеродром

Откако пред извесен период, првиот човек на РК Вардар, Михајло Михајловски, побара помош од поголеми спонзори и институции за „црвено-црните“, тие конечно добиваат помош.

Според информациите од Општина Аеродром, тамшните советници изгласале дека ќе му одобрат на РК Вардар финансиска поддршка.

Токму поради вакви проблематики, Вардар сезонава остана без учество во ЛШ, што сепак тешко им падна на „црвено-црните“, но сега веројатно ќе настапи период на рехабилитирање, односно малку по малку стабилизирање.

Општина Аеродром се обврзува да го потпомогне РК Вардар со 1,2 милиони денари.