ВАРДАР ИМА СЕ: Титула, најдобри играчи и – АСИСТЕНЦИЈА НА СЕЗОНАТА!

ЕХФ денеска на својот официјален веб сајт повторно вреднуваше еден момент на актуелниот двократен шампион, РК Вардар.

Пасот кој Игор Карачиќ го упати до Столе Стоилов, е прогласен за најдобар пас оваа сезона во ЛШ, што е уште едно блескаво признание за „црвено-црните“.

Тој момент е од мечот против Веспрем, во финалето.