Вардар иако некомплетен, лесно се справи против Извиѓач: А сега фокусот на „плинарите“ и ЛШ

Во последниот меч од регуларното првенство во СЕХА лигата, „црвено-црните“ лесно се справија на гостувањето кај Извиѓач, кој го победија со резултат 28:31.

Иако некомплетни (недостасуваа, Горбок, Скубе, Криштопанс, Дибиров, Борозан, Дизингер, Игор Карачиќ), сепак Вардар лесно дојде до триумф на оваа средба.

Вардар на полувреме замина со предност од +6 (7:13), па до крајот на мечот на Извиѓач му дозволија само да го ублажат поразот.

По овој натпревар, Вардар целосно може да се фокусира на фајнал форот кој ги очекува на почетокот од следниот месец (2 и 3 април), кое ќе се одржува во Белорусија, во Брест, но и уште поважниот меч од ЛШ, осмифиналната пресметка против „плинарите“ од Загреб.

Поповски беше најефикасен кај Вардар вечерва со девет погодоци, додека голманот Гедбан забележа 16 интервенции.