Вардар гостува во Загреб – Парондо за очекувањата од дуелот со „плинарите“

Вардар утре гостува во Загреб кај „плинарите“, во дуел од осминафиналето во ЛШ, на старите ривали во ова натпреварување.

Историјата или статистиката ни укажува на 10 досегашни дуели во ЛШ, во која подобар скор има Загреб (5 победи), Вардар има 4 победи и еден натпревар завршил без победник.

Тренерот на Вардар на денешната пресконференција, Парондо, истакна дека секогаш очекува нешто ново од ППД Загреб.

Секогаш очекуваме нешто ново. Кога е само еден меч, тогаш се фрла се на тој натпревар. Работиме и ние, се подготвуваме, но не е исклучено дека ќе има нешто плус, и од страна на нашиот ривал. Нормално е да има притисок зашто сакаме да играме во четврт-финалето на ЛШ. Сега не смееме да имаме грешка. и мораме да бидеме подобри од Загреб“, нагласи Парондо.

За Загреб отпатуваа сите што досега беа во тренажен процес, освен Сергеј Горбок и Владо Недановски. Во екипата се враќа и Вуко Борозан. Вардарци тренираа во Скопје и заминаа за Загреб каде утревечер го играат натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одредени групите за новата СЕХА сезона – познати ривалите во група за Вардар и Еурофарм

Екс репрезентативецот најново засилување на Металург

Мојсоски не мрда од Бутел

Осумина денес парафираа нова верност кон „работниците“

Пановски го објави списокот за ЕХФ шампионатот во Италија

Металург се засили со нов Грузиец -Кбилашвили: Доаѓам во земја во која ракометот е спорт број еден

ВАРДАР ИМА СЕ: Титула, најдобри играчи и – АСИСТЕНЦИЈА НА СЕЗОНАТА!

Директорот на Вардар за новот засилување: Иако е млад, препознавме квалтет кој очекува да доби и потврда

Европскиот шампион со ново засилување: Вардар се засили со Словенец