Вардар гостува кај ПИК Сегед – Тимур Дибиров ќе брка несекојдневен рекорд во ЛШ

Вардар вечерва гостува во Унгарија во рамки на новото коло од Лигата на шампионите (7. коло), каде ќе му биде гостин на ПИК Сегед.

ПИК Сегед на оваа средба важи за фаворит, но тоа не мора да значи ништо, барем кога е Вардар во прашање.

По трите врзани порази на Вардар од Монпелје, Алборг и Кил, Вардар ќе се обиде да одигра на нивото и да се ревитализира со добар резултат.

„Црвено-црните’ по 6. одиграни кола се на шестата позиција со 5 бодови, три помалку од вечерашниот противник кој е на 4. позиција.

На оваа средба Тимур Дибиров од редовите на Вардар, ќе го брка својот 1000-ти гол во ЛШ, а за тој рекорд му се потребни уште три голови, кои веројатно и ќе ги постигне како предводник на оваа подмладена екипа.

Уште го паметам својот прв гол, против Горење, не верував дека ќе стигнам до оваа бројка..“, порача Дибиров пред натпреварот.