Вардар го замени за второлигаш од Франција

Еден од ракометарите кои што го напуштија Вардар по крајот на минатата сезона, Марко Мишевски пронајде нов клупски ангажман.

Актуелниот европски првак го замени со тимот на Гребобл кој игра во Втората лига на Франција со што ова е му биде прв интернационален предизвик.

Мишевски кој со своите 19-години може да се пофали дека има европска титула својата цела досегашна кариера ја мина во Вардар.

Сепак бекот се реши да е проба на меѓународна сцена во потрага по поголема минутажа.