Вардар го загуби Купот на Македонија, но ги доби најдобрите можни вести

Екипата на Вардар остана без титула во Купот на Македонија откако синоќа во финалето на 27. Куп на Македонија забележа пораз од Металург кој славеше по изведување на пенали 33-32 (29-29).

Со ова „металурзите“ направија големо изненадување во дуелот против „црвено-црните“, кои сепак и покрај тао немат многу причини за разочарување бидејќи ја добија најдобрата можна вести.

Имено во јавноста се погласно се зборува дека газдата Сергеј Самсоненко ги известил дека сепак ќе остане во клубот и ќе ги исплати долговите, а дополнително ќе дојдат и нови спонзори, меѓу кои и екс претседателот на и спонзор, Михајло Михајловски.