Вардар го претстави новиот играч во екипата, пивотот Жереми Тото

Екипата на Вардар 1961 во следната сезона ќе влезе со променет состав, а едно од новите имиња на двократниот европски првак ќе биде францускиот ракометар Жереми Тото.

Францускиот пикер пристигнува од екипата на Висла Плоцк со која играше на фајнал-форот во Лигата на Европа.

Михајло Михајловски и раководството на Вардар започнаа со реконструкцијата на составот и создавањето на новиот тим на чие чело ќе биде Веселин Вујовиќ. Едно од новите имиња е токму Тото, а во „Јане Сандански“ пристигнаа и голманите Али Сафар и Мартин Томовски, шпанскиот репрезентативец Едуардо Гурбиндо, хрватскиот интернационалец Анте Кудуз и младиот Дарко Ѓукиќ.

Од друга страна, пак, екипата ја напуштија Кантагрел, Јотиќ, Дисингер, Шеваљевиќ, Векиќ и Иван Чупиќ.