Вардар го освои турнирот во Требиње

Европскиот, регионалниот и македонскиот ракометен шампион Вардар денеска ја совладаа екипата на Металопластика со 32:28 и го освоија турнирот во Требиње.

Вардарци без поголеми проблеми славеа над некогашниот европски првак во финалето од подготвителниот турнир во Требиње и ја оправдаа фаворитската улога во денешниот меч, со што го потврдија освојувањето на трофејот.

На полувреме резултатот гласеше 17:14 во корист на Вардар, а европскиот шампион рутински ја одржуваше својата предност и без поголеми напори дојде до конечна победа.

По овој турнир Вардар ќе се упати во Саудиска Арабија каде ќе учествува на Супер Глоуб, неофицијалното светско клупско ракометно првенство, а како европски шампиони „Црвено-црните“ ќе започнат директно од четвртфиналето.