Вардар го „измисли“, сега е најдобар голман во Бундеслигата!

Поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев ја заврши дебитантската сезона во Бундеслигата со највисок процент на одбранети удари, за малку пред легендарниот Данец, Никлас Ландин.

Српскиот репрезентативец и член на Фуксе Берлин имаше 35,5% успешност, додека Данецот застана на 35,4%. Меѓу најдобрите петмина се уште Тибор Иванишевиќ, Петер Јохансен и Бенјамин Буриќ.

Милосављев бранеше во Вардар само една сезона, но онаа во која скопскиот клуб ја освои втората титула во Лигата на шампионите. Дојде како анонимен голман од Партизан, тука израсна во врвен чувар на мрежата, но си замина минатото лето, веднаш откако Вардар дојде до трофејот во Келн.