Вардар го губи францускиот шмек – потврдени шест заминувања

Екипата на Вардар попладнево со победата над Тиквеш дојде до седмиот шампионски трофеј по ред во витрините на, а вкупно 15-ти.

Пред почетокот на натпреварот Вардар – Тиквеш, шестмина играчи на Вардар добија подароци кои ќе им останат во сеќавање за настапот во „црвено-црниот“ дрес и освоените трофеи.

„На Оливие и Кевин Њокас, Патрик Валчак, Стефан Додиќ, Џереми Тото и Диало Бакари им посакуваме многу успех во натамошната кариера“, ппорачаа од Вардар.

Практично ова значи дека сите четири интернационалци од Франција кои сезонава го носеа дресот на Вардар си одат.