Горан Закариќ е нов играч на ФК Вардар. По завршувањето на процедурата, веднаш ќе се приклучи на екипата во Словенија. Закариќ има 31 година, игра на позицијата крилен напаѓач, а во својата богата кариера има настапувано за екипите на Динамо Загреб, Партизан, Железничар, Широки Бријег, Зрински, Локомотива Загреб, Универзитатеа Крајова, Борац Бања Лука, Задар, Славен Белупо и Аиоликос.
Има освено две шампионски со екипите на Борац Бања Лука и Зрински, како и 2 куп титули со екипите на Железничар и Партизан. Во сезоните 2017/18 и 2020/21 бил прогласуван за најдобар играч на сезоната, настапувајќи за екипите на Железничар, односно Борац Бања Лука.
За националниот тим на БиХ има вкупно 11 настапи, додека за младата селекција до 21 година има забележано 13 настапи.