Вардар ги пали моторите со турнирот во Требиње – победа против Борац Бања Лука

Актуелниот европски шампион успешно ги стартуваше подготовките за новата сезона, денеска извојуваа победа на меѓународниот турнир кој деновиве се одржува во Требиње.

Вардарци беа поуспешни од Борац со резултат 34:30 (18:12).

Вардар беше апсолутно надмоќен во дуелот, но играше далеку резервирано и затоа резултатот не беше така впечатлив, односно со поголема гол разлика.

Следниот противник на Варда на овој турнир ќе им биде домашната екипа, локалниот Леотар.

Кукуловски 1, Димитриоски, Гашовски, Криштопанс 2, Сикошек Пелко 4, Дисингер 3, Атман 3, Скубе 3, Чупиќ 1, Толедо 1, Дибиров 9, Горбок 2, Шишкарев 3, Горпишин 3, Кугис, Гогов