Вардар ги дозна распоредот и противниците на Супер Глоуб

Светската ракометна федерација (ИХФ) го објави распоредот за Супер Глоуб на кој Вардар ќе настапува како шампион на Европа и ќе стартува од четвртфиналето.

Оваа година за првпат домаќин ќе биде Саудиска Арабија, откако во претходните девет години Катар ги пречекуваше најдобрите светски клубови на неофицијалното светско клупско првенство.

Вардар годинава ќе настапи во вторпат на ова натпреварување, а на првиот настап во 2017 година заврши како третопласиран, па ова е втора шанса за „Црвено-црните“ да го освојат единствениот трофеј кој им недостасува.

Вардар како шампион на Европа својот настап на Супер Глоуб ќе го започне во четвртфиналето, а противник на нашиот првак ќе му биде подобриот од дуелот меѓу саудиски Ал Мудар кој настапува со вајлд-карта и американскиот тим Њујорк Сити кој е шампион на Северна Америка.

Доколку Вардар успее да ја прескокне четвртфиналната пречка, што и се очекува, во полуфиналето ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу африканскиот шампион Замалек и победникот од квалификацискиот дуел меѓу Сиднеј Универзити и германски Кил кој исто така учествува со вајлд-карта.

Вардар својот прв натпревар го игра на 28. август. Доколку победи, веќе следниот ден ќе игра во полуфиналето, а евентуалното финале или натпревар за трето место ќе го игра на 31. август.

27 август, квалификации:
Сиднеј Јуниверзити – Кил
Ал Мудар – Њујорк Сити

28 август, четвртфинале:
Вардар – Ал Мудар/Њујорк Сити (1)
Замалек – Сиднеј Јуниверзити/Кил (2)
Ал Вехда – Таубате (3)
Барселона – Ал-Духаил (4)

29 август, полуфинале:
победник четвртфинале 1 – победник четвртфинале 2
победник четвртфинале 3 – победник четвртфинале 4

31 август, натпревар за 3-то место:
поразен полуфинале 1 – поразен полуфинале 2

31 август, финале:
победник полуфинале 1 – победник полуфинале 2.