Вардар гази се пред себе – моќно преку ППД Загреб до нова титула во СЕХА

51

Вардар продолжи да доминира во СЕХА лигата откако и годинава ја одбрани титула, освоена минатата сезона во Брест.

„Црвено-црните“ вечерва во финалето играна во СЦ „Јане Сандански“ славеше над ППД Загреб со резултат од 26-24 со што дојде до четвртата титула во регионалната лига.

Избраниците на Раул Гонзалез добро започнаа, па во средината на првиот дел поведоа со +4 (10-6), но во продолжение од мечот, до крајот на првото полувреме „плинарите“ намалија на само еден (14-13).

Загреб и во вторите 30 минути продолжи со истата игра, па многу набргу израмни и се играше гол за гол.  Сепак Вардар покажа на која страна е квалитетот и со серија од 6-1 поведе со највисоки +5 (25-20) во 53. минута од мечот, момент каде што практично беше решен мечот.

Последните минути беа чиста рутина во која Вардар славеше со конечен резултат од

Кристопанс и Циндриќ со по 5 погодоци беа најефикасни во таборот на Вардар, додек кај ППД Загреб прво име со 8 гола беше Хорват.

 

 

24-20