Вардар е скоцкан за новата сезона – дојде и последното засилување

Тимот на Вардар се доекипира целосно во пресрет на новата сезона која ги очекува на домашна и европска сцена.

Најновото засилување во тимот на Вардар е хрватскиот ракометар Ловро Јотиќ, кој кај „црвено-црните“ доаѓа од редовите на Еурофарм Пелистер.

Постоеше информација дека Јотиќ најверојатно ќе ја напушти Македонија, но сепак, пронајде пребежиште во Скопје кај Вардар.

Јотиќ скоро извесно ќе биде последното засилување за европскиот шампион, а бенефит од доаѓањето на Јотиќ во Вардар може да има и поради тоа што добро се познаваат со тренерот Алушовски од времето кога беа заедно во Битола.