Вардар е љубов, проблем, но и немир: Борко искоментира по дебатата на Шилегов

Откако синоќа во емисијата „Click Plus“ На ТВ 21, гостуваше градоначалникот на Град Скопје, каде главна тема беше ФК Вардар, се дебатираше околу проблемот со долгот на овој клуб.

Петре Шилегов истакна дека долгот на Вардар тежи 2 милиони евра и дека е сериозен проблем поради кој се загрижени сите кои го сакаат Вардар.

„Еве ви го челинџот, да помогнеме на Вардар, најдете 2 милиони евра, за да им помогнеме“, беше меѓу останатот коментарот на таткото на град Скопје.

На тоа свој коментар имаше голманот на РК Вардар и репрезентативен голман, Борко Ристовски…