Вардар договори второ засилување за идната сезона

Црногорскиот ракометар и репрезентативец Божо Анѓелиќ, ќе ги брани боите на Вардар од идната сезона, веста ја потврдија „црвено-црните“.

Како што стои во соопштението, договорот е потпишан на една сезона, со можност да дојде до продолжување на соработката ако ракометарот задоволи на терен.

Анѓелиќ настапува на позицијата среден бек, а во Вардар 1961 доаѓа од унгарскиот клуб Ференцварош, за кој играше од 2018 година.

Божо Анѓелиќ е второ засилување за Вардар, откако претходно го обезбедија словенскиот ракометар Нејц Цехте, кој игра на позицијат адесен бек и моментално настапува за Хановер.