Вардар до лесна и рутинска победа во Прилеп

Македонскиот шампион Вардар, рутиски оствари победа на гостувањето во Прилеп и бе посебни проблеми дојде до победа во домашното првенто со 34:19.

Домашната екипа ни одблиску не беше достоен ривал или барем на исто ниво да може да им парираат на гостите за натпреварот да биде неизвесен.

Гостите од Скопје уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо кое тимот на Прилеп не можеше да го следе и на крајот неминовен беше поразот за нив. На полувреме Вардар имаше +5 (12:17).

Во вторите 30 минути Прилеп уште повеќе падна во својата игра а тоа го искористи искусниот тим на Вардар кој максимално ги уништи резултатски.

Манасков беше најрасположен за игра, постигна 8 погодоци, го следеше Талески со 6, во таборт на Прилеп најефикасен беше Шокоски со 10 погодоци.