Вардар дефинитивно без место во Лигата на шампионите следната сезона

Извршниот комитет на ЕХФ на денешниот состанок го потврди она што се најавуваше претходните денови, а тоа е дека македонскиот и двојниот европски првак Вардар нема да учествува во новата сезона од Лигиата на шампионите.

Како главен проблем се посочуваат финансиските проблеми, односно фактот што Вардар изминатите две сезони се најде под посебно внимание на ЕХФ поради долговите на старата управа кон поранешни играчи.

Веста ја потврди и Михајло Михајловски.

„Одлуката е донесена, но не ни е доставена и затоа не ја сметаме за одлука туку заклучок од состанокот, кој законски не е доволно. Предлогот е Вардар следната сезона да не игра во Лигата на шампионите. Имав средба со претседателот на ЕХФ, Видерер, а потоа и усно ми беше потврдено дека Вардар следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите.

Сепак, нивните објаснувања и аргументи се погрешни и за стаклените нозе. Нашиот правен тим упати приговор на тој предлог и заклучоци. Тоа е тоа засега“, рече Михајловски, додавајќи:

„Во Македонија не се води судска постапка, а ако Вардар е должен на некој од надлежните, тоа е судот во Скопје. Главната поента е задоцнето плаќање. Морам да кажам дека во август минатата година плативме 700 илјади евра долг, дека плативме 300 илјади евра депозити.

Остатокот оди кај Сергеј Самсонјенко. Во суштина, оваа нивна одлука нема аргументи и треба објаснување. Има тројца играчи кои не пријавија во ЕХФ и тоа е почеток на се“.

Од ЕХФ тврдат дека жалат што морале да донесат ваква одлука, а останува дилемата кој ќе го замени Вардар во елитното натпреварување. Дали на негово место ќе се најде вицешампионот Еурофарм Пелистер, со оглед на тоа дека Македонија има загарантирано место во Лигата на шампионите, или пак некој од балканските екипи кои аплицираа за „вајлд карта“.