Ванда Нара и Икарди: Седум години од најважниот потпис во животот!

Фудбалерот на ПСЖ и неговата подобра половина, манекенката и менаџерка Ванда Нара, прославуваат седум години откако стапија во брак, а сопругата на Икарди по тој повод, на Инстаграм објави досега невидени фотографии од нивната венчавка.

Седум години од најубавиот брак и мојот најважен потпис. Те сакам секој ден, се повеќе“, напиша Ванда со неколку фотографии кои ги сподели.

Ванда Нара и Мауро Икарди се еден од најатрактивните двојки во Европа, но секако и најконтроверзни, поради сето тоа што и двајцата го поминаа во случајот со Макси Лопез.