Ванда и Мауро сепак се смирија: Се огласи жената со која наводно изневерил

Мауро и Ванда Икарди беа на чекор до развод, но судејќи според најновата објава на Инстаграм, изгледа дека ги испеглаа работите.

Пред само два дена во италијанските медиуми се појави информација дека бракот на Мауро и Ванде Икарди е минато.

Ванда ги потврди тие пишувања со приказна на Инстаграм во која напиша дека „уништено уште едно семејство поради к‘ва“.

Меѓутоа, кратко потоа, се огласи и Евгенија Суарез, актерката со која Мауро наводно ја изневерил Ванда.

– Навистина не знам од каде дојде оваа информација, не го ни познавам тој фудбалер – рече таа

Прашањето е кој и поверува, но најважно за Икарди е што се чини дека Ванда верува во оваа приказна и дека двајцата се помирија, што може да се заклучи од фактот дека Мауро објави сет заеднички фотографии на Инстаграм.