Ван Гал призна кое е неговото најголемо достигнување со Манчестер Јунајтед

Еден од тренерите кој што го предводеше Манчестер Јунајтед во ерата после Сер Алекс Фергусон е Лујс Ван Гал кој на клупата на овој клуб беше во период од 2014 до 2016 година.

Холанѓанецот од денешна гледна точка се наврати на периодот минат на „Олд Трафорд“ и потенцираше еден успех.

„Имав 10 играчи на возраст над 30 години во тимот, пет над 35-годишна возраст. Затоа сметам дека тој трофеј во ФА Купот е моето најголемо достигнување“, истакна Ван Гал и додаде:

“Најтешкиот дел беше работењето во Јунајтед. Им реков дека не сакам да се вклучам во работата и дека е тешко да се работи со мене. Тимот немаше ниво да биде шампион. Јас направив список на играчи што ги сакав, но не ги добив”,