Ван Дајк со еден коментар го уништи Роналдо!

Кристијано Роналдо не дојде на доделувањето на Златната топка во Париз бидејќи и претходно беше јасно дека нема шанси покрај Лионел Меси.

Не се оствари најавата дека Португалецот нема да биде во топ-3, тој го освои третото место, но сепак никој не сметаше на него како на сериозна конкуренција. Тоа го кажа и Вирхил ван Дајк на прашањето од новинарите дали недоаѓањето на Роналдо за него значи еден ривал помалку во борбата за Златната топка.

„А, зарем тој беше кандидат за наградата?“, праша Ван Дајк.

За Холанѓанецот долго се зборуваше како најголема опасност за Меси, но и тој не успеа да влезе во одбраното друштво на добитници на Златната топка.