Ван Дајк: Франција и без Мбапе е опасна во нападот

Капитенот на Холандија, Вирџил Ван Дајк, изјави дека францускиот тим е опасен во нападот, дури и без Килијан Мбапе. Големата ѕвезда би можела да ги пропушти следните два натпревари на Франција во групната фаза на УЕФА ЕУРО 2024 поради скршен нос.

– Мораме да бидеме функционални како тим за да ја спречиме Франција да постигне гол. Килијан е играч од светска класа кој може да ги промени работите, но и без него Французите се многу опасни во нападот, рече Ван Дајк.

– Но, имаме добра одбрана и се радувам на натпреварот. Мораме да се погрижиме да бидеме целосно подготвени за овој натпревар, додаде дефанзивецот.

Холандија и Франција ќе се сретнат во петок на 21 јуни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО