Vamos Real со Надал на чело

1072

Огромна поддршка доби Реал Мадрид пред почетокот на натпреварот против ПСЖ.

На трибината каде што се наоѓаат најверните навивачи осамна огромен транспарент на кој во преден план беше Рафаел Надал со познатата фраза “Vamos Real”.

Алузијата е јасна: Надал е десеткратен победник на “Ролан Гарос” кој се одржува токму во француската престолнина. Инаку, тој е еден од најпознатите навивачи на Реал Мадрид.