Валдес објасни зошто направил скандалозен потег со јуниорите на Барса

Тренерот на јуниорскиот тим на Барселона, Виктор Валдес, се најде на удар на јавноста откако неговиот тим не играше меч за трето место на Отен Куп.

Имено, јуниорите на Барса во полуфиналето од турнирот беа поразени од Интер, а за третото место требаше да играат со Евертон. Но, сите беа изненадени кога играчите на Барселона не се појавија на теренот.

Шпанските медиуми објавија дека Валдес одлучил неговата екипа да не игра, па нареда на играчите да се спакуваат, а место да играат одлучиле да се вратат за Барселона.

Валдес поради овој потег се најде на удар на критики, но по доаѓањето објасни дека тоа го направил бидејќи сметал дека неговите играчи се преуморни бидејќи во два дена одиграле два меча.

„Како човек одговорен за моите играчи одлучив дека нема да играме против Евертон за трето место. Мојата одлука се базира на тоа да го сочувам здравјето на играчите бидејќи не бевме задоволни како беше турнирот организиран, односно немаше доволно одмор меѓу мечевите. Овие играчи не се навикнати на таков напор и тоа беше единствената исправнаодлука. Секогаш ќе ги штитам своите играчи без оглед на тоа какви се последиците“, изјави Валдес.