Валчак имал и други понуди, но објасни зошто на Вардар му дал приоритет

Вардар изминатиот период сериозно се засили на неколку позиции пред претстојната сезона.

Последниот во низата трансфери е доаѓањето на полскиот бек Патрик Валчак, кој истакна дека не би можел да го одбие повикот на двократниот шампион на Европа.

Тој настапуваше во Либек, Германија, и признава дека освен понудата на Вардар, имал уште неколку но едноставно Вардар добил приоритет.

Не размислував многу за понудата. Вардар е клуб кој настапува во ЛШ, се натпреварува и во СЕХА и има многу големи играчи, Дибиров Вујин. Верувам дека ова ќе биде одлично искуство за мене. Добив гаранции дека нема да има никакви проблеми со финансиите во клубот. Имаше уште неколку екипи заинтересирани за мене, разговарав со екипи од Бундеслигата, но коронавирусот си го направи своето, а Вардар не можев да го одбијам. Што се однесува до играта, јас можам да играм и во одбрана и напад“, порача Валчак.