Кјелце синоќа го угости францускиот шампион Нант, на меч каде беше постигнат еден нестварен погодок за ракометните учебници.
Домаќините беа далеку подобри од Нант, а на крајот славеа со резултат 40:33, што покажува дека сме имале доста ефикасен натпревар со 73 голови.
Но она за што се зборува, е голот на Дилан Нахи, по кој навивачите се подигнаа и го поздравија генијалниот потег, кој резултираше со спектакуларен гол.
Се играше 40. минута, кога Нант одигра една топка во напад, но едноставно погрешија и Дилан Нахи тргна во контра. Се обиде да проигра по крилата, но топката се одби од рацете на блокерот и тргна кон голот.
Акцијата изгледаше како да е завршена приказна, но одеднаш, Нахи доби мотивација за еден нестварен скок по топката, од кој произлезе спектакуларен погодок.
? L’international ?? Dylan Nahi était ON FIRE hier soir : la preuve avec cette remontée sur tout le terrain ?
? @ehfcl pic.twitter.com/4fwUTfK7BL— HandNews (@HandNewsfr) September 15, 2022