Вајлдер: Знаев дека Фјури не наби толкава килажа за да биде балетан

Дионте Вајлдер не можеше да одржи прес-конференција по поразот од Тајсон Фјури. Британецот го претепа во втората половина од борбата и тешко го нокаутираше во 11 рунда, па беше превезен во болница за да му се укаже помош.

На американскиот борец уште во текот на борбата му течеше крв од увото кое беше повредено од силните удари на неговиот противник, а по нокаутот Вајлдер имаше проблеми со рамнотежата, па беше одлучено да не зборува на конференцијата.

Сепак, „ЕСПН“ ги пренесе неговите први зборови по борбата кои кратко ги изрекол при минувањето крај новинарите.

„Дадов се од себе, но не бев доволно добар. Не сум сигурен што се случи. Знаев што Тајсон прави на тренинзите, а знаев и дека не наби толкава килажа за да биде балетан. Дојде, се потпре на мене, се приближи и ја искористи шансата“, изјави Вајлдер по мечот.