Ужасен крај за МекГрегор – изнесен на носилки по првата рунда, има тешка повреда

Ирскиот борец Конор МекГрегор, заработи ужасна повреда во борбата против Дастин Пориер, па целиот спектакл беше прекинат во првата рунда на УФЦ 264-то случување во Лас Вегас.

МекГрегор направи чекор назад кога зглобот му проклиза, па докторите по прегледот немаа избор, освен да го прекинат мечот, затоа што Ирецот беше во тотална агонија.

На крајот победата м у припадна на Пориер, така да Американецот ја доби втората од двете борби против својот ривал од Ирска.

Американецот бешењ подобар на отварањето, неколку пати успеа да го турне МекГрегор и да му зададе чисти удари, со кои му нанесе штета и тоа беше клучно за неговата победа.

Веројатно скрши еден од зглобовите на почеток од борбата“, порача Пориер по мечот.

На крајот МекГрегор заврши на носилни, а пред меќот жестоко го навредуваше Американецот.

Овој тип е валкан, сите кои свиркате сега, може да ме бакнете во задникот“, беше пораката на Пориер.