Поранешниот австриски репрезентативец Герхард Родакс се фрлил денеска под воз, а тамошните медиуми пренесуваат дека тоа се случило кај местото Трајскихен.
Виенскиот дневник Кронен цајтунг на својот портал пишува дека Родакс дошол до пругата со автомобил, па излегол од него и застанал на пругата, а возот кој се движел со брзина од 150 километри на час не можел да запре. Застанал дури по 400 метри.
Родакс, кој имаше 57 години, 20 пати настапи во дресот на австриската репрезентација, а врвот на кариерата го достигна во дресот на Адмира Вакер за која одигра 192 натпревара и постигна 84 гола. Играше на Мундијалот во Италија 1990 година на кој еднаш се запиша во листата на стрелците, против САД на кој меч Австријците славеа со 2-1. Таа 1990 година тој беше најдобар стрелец во Австрија по што замина во Шпанија и играше за Атлетико Мадрид.