Утре е крајот: Меси закажа прес-конференција!

Осмиот ден од август 2021 година официјално ќе биде последен за Лионел Меси како член на Барселона иако тој е без договор од 1 јули.

За утре од 12 часот, најдобриот фудбалер на сите времиња закажа прес-конференција на која ќе се прости од навивачите и ќе ги објасни причините за своето заминување од Камп Ноу. Можно е веднаш потоа да биде официјализиран неговиот трансфер во редовите на ПСЖ.

Наводно, на Меси му било понудено вчера да се појави на прес со претседателот Жоан Лапорта, но тој ја одбил таа можност.