Успешно организиран 15. Балкански кикбокс шампионат

Во текот на викендов, во големата спортска сала на А1 Арената Борис Трајковски во Скопје, во организација на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија под раководство на претседателот на истата м-р Дејан Митровски – Урко, нашата држава беше домаќин на престижниот 15ти Балкански кикбокс шампионат.

На овој настан учество земаат 190 натпреварувачи од Балканот од 6 земји учеснички – Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Србија, Турција и домаќинот Македонија.

Натпреварувањето беше беспрекорно организирано, по теркот на светските настани, во величествена атмосфера, а го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт Г-дин Наумче Мојсовски. Со своето присуство настанот го збогатија и поддржаа: г-дин Даниел Димевски – претседател на МОК, г-дин Рој Бејкер – Претседател на ВАКО, г- дин Иштван Кирали – претсетател на ВАКО Европа, г-дин Салим Кајачи – претседател на ВАКО Медитеран и г-дин Владимир Ситар – претседател на ВАКО Балкан.

Претседателот на КМФМ м-р Дејан Митровски – Урко, им се заблагодари за поддршката на сите погоре споменати гости со пригодни плакети.