Успешен настап на мотокросистите на Ендуро

362

На патеката „Лагово“ кај Прилеп во деновите од викендот во организација на мото клубот „Ноќни волци“ во соработка со екстрим клубот „Сторм рајдерс“  мотокросистите од Ендуро тим Водно Скопје  беа успешни речиси во сите класи.
Во класата MX2  Христијан Станковиќ убедливо и речиси без конкуренција победи во двете трки,а Виктор Караколев заврши на 4.та позиција.
Во класата MX3 Диме  Цветков го освои третото место.
Најголемото изненадување го приреди дебитантот Христијан Бузалковски во класата MX OPEN каде во двете трки го освои првото место,а Владимир Димов беше деветопласиран.

Оваа трка е прва трка после неколку години која ке се бодува за македонскиот мотокрос  шампионат.