Услови за одбојка нема: Сезоната официјално прекината, нема шампион, нема излегување од лига

Извршниот одбор на ОФМ ја констатираше и потврди одлуката за сезоната 2019/20 да не се доигра и првенството да биде прекинато, а шампиони нема да бидат прогласени.

Шампиони нема да има ни во машка ни во женска конкуренција, а до моментот на прекинот на домашното првенство, лидери на табелите во двете конкуренции беа тимовите на Вардар.

Исто така со одлуката сезонава да нема шампиони, потврдено е дека нема да има ниту влез ни излез од лигата.

Денеска беше констатирано дека не постојат ни минимални услови за првенството да биде доиграно поради Ковид19.