Уште на почетокот покажува дека ќе биде големо засилување: Магија на Депај против Штутгарт

Фудбалерите на Барселона во моментов играат пријателска средба против Штутгарт.

Каталонците веќе неколку дена се наоѓаат на подготовки во Германија, каде се подготвуваат за новата сезона.

Барселона успеа во 21. минута да дојде до предност преку Мемфис Депај, новото засилување на каталонците во една одлична акција.

Депај за прв пат игра за Барселона од прва минута и тоа го круниса со одличен и изработен погодок. Тој уште на почетокот покажува дека не е залудно што е доведен во Барселона.