Сагата околу трансферот на Френки Де Јонг околу евентуалното заминување од Барселона во Манчестер, на сите им стана по малку досадна.
Цело лето британската штампа се занимаваше со тоа дека Френки е „веќе договорен“ од страна на Јунајтед и дека англискиот клуб ќе ги плати бараните 85 милиони евра, колку што Барселона побара за него.
Во Барселона е јасно дека нешто ќе мора да продадат и поради финансискиот фер плеј, а фокусот падна на Де Јонг, кој упорно одбива да се пресели на Олд Трафорд.
Сега по последните перформанси на „црвените ѓаволи“ веројатно и тоа ќе го поколеба дополнително да се пресели таму, а доколку веќе заминува од Барселона, тој посочил каде евентуално би се преселил.
Тој според Мундо Депортиво сака во Челси, за кој смета дека е во моментот кадарен клуб да се бори за трофеи кои му се важни во кариерата и смета дека тоа Јунајтед не може да му го овозможи.